Вести Свет

Жозеп Борел упати силен повик нуклеарните капацитети да не бидат цел на конфликти

Шефот на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, Жозеп Борел упати силен повик нуклеарните капацитети да не бидат цел на конфликти.

Повикот на Борел за воздржаност доаѓа поради загриженоста дека Израел може да планира да ги нападне иранските нуклеарни локации по нападот врз Израел од страна на Иран пред два дена.

Амбасадорот на Иран во ОН рече дека неговата земја лансирала речиси 200 проектили кон Израел во вторникот како одвраќање за понатамошно израелско насилство, додека неговиот израелски колега го нарече баражот „акт на агресија без преседан“.

А израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе возврати.

Воздушните напади продолжуваат, копнената офанзива не запира.

Израел со предупредување во жителите во јужен Либан- да не се враќаат дома.

Има загинати од либанска и од израелска страна.

Првата порака што сакам да ја пренесам денес е силниот повик за барање на Европската унија да не се напаѓаат нуклеарните постројки. Европската унија отсекогаш била на цврста позиција во однос на нападот врз кој било нуклеарен објект во светот. Ова беше нашиот став во Украина или во Русија кога се појави оваа можност. Овие напади се крајно опасни и имаат сериозен потенцијал да создадат последици од непроценливи размери.Парадоксално, овие напади не помагаат ништо за палестинската кауза и не прават ништо за намалување на страдањата на палестинскиот народ. Единственото решение по 7 октомври е прекин на огнот во Газа. Стоп за нападите врз палестинското население на Западниот Брег. вклучувајќи го и Ерусалим и прекин на огнот во Либан изјави Борел

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе