Лионел Меси го предводеше Интер Мајами со два гола во победата од 3-2 на гостински терен против Колумбус за да го осигура својот 46.трофеј во фантастичната кариера.
Со трите бода, Мајами го осигура првото место во Источната конференција во МЛС-лигата, но и првото место воопшто во лигата на две кола до крајот од регуларната сезона за што го доби „Супортерс шилд“ трофејот.
За тимот од Флорида ова е прв историски трофеј во МЛС откако тимот беше формиран пред само пет години, но втор воопшто, бидејќи лани го освои Купот на лигите во натпреварување во кое играат тимови од САД, Канада и Мексико.
Целта на Меси и соиграчите сега ќе биде триумф и во плејофот, односно освојување на МЛС-купот. Во разигрувањето за титулата Мајами ќе ја има предноста на домашен терен поради најдобриот ефект во регуларниот дел од сезоната.