Спорт Фудбал

Манчестер јунајтед гостува во Порто: Да се биде или не за Ерик тен Хаг?

Четврток е стандардно резервиран за натпреварите од Лигата на Европа и Конференциската лига. Денеска на програмата е 2.коло во Лигата на Европа, а прво во Конференциската лига.

Во фокусот на вниманието вечерва ќе биде дуелот помеѓу Порто и Манчестер јунајтед. Двете екипи на стартот не победија, Португалците загубија на гости кај Бодо/Глимт, додека англискиот состав пред своите гледачи на „Олд Трафорд“ одигра 1-1 со Твенте. Притисокот секако е на страна на премиерлигашот особено врз менаџерот Ерик тен Хаг, кој со уште еден неуспех би можел да заработи отказ со оглед на очајните резултати и во Премиерлигата сезонава.

Од останатите поинтересни средби, Тотнем има гостување кај Ференцварош од 18:45 часот, а во истиот термин Лацио ќе ја пречека Ница. Ајакс гостува кај Славија Прага, Бешикташ ќе се соочи со Ајнтрахт Франкфурт, Рома гостува кај Елфсборг, а интересно се очекува да биде и на пресметката помеѓу Глазгов Ренџерс и Лион.

Во Конференциската лига, Челси без дел од своите главни ѕвезди, кои не беа пријавени за натпреварувањето на „Стемфорд Бриџ“ го пречекува белгиски Гент од 21 часот. Македонските интернационалци Дамјан Шишковски и Бобан Николов со својот тим Борац Бања Лука ќе го пречекаат грчкиот состав Панатинаикос. Јагелонија на Дарко Чурлинов гостува кај Копенхаген, а од останатите поинтересни средби ги одвојуваме Фиорентина против ТНС, Легија го пречекува Бетис, а Хајденхајм ќе ги одмери силите со Олимпија Љубљана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе