Спорт Фудбал

Гризман се пензионираше од француската репрезентација

Францускиот фудбалер Антоан Гризман објави дека се повлекува од играњето за својата репрезентација. Напаѓачот во кариерата одигра 137 натпревари за „триколорите“ и беше дел од генерацијата која во 2018 година го освои второто Светско првенство во историјата на земјата.

„Со срце полно сеќевања го затворам ова поглавје од мојот живот. Ви благодарам за прекрасната авантура во трите бои и се гледаме наскоро“, објави 33-годишниот фудбалер на социјалните мрежи.

Неговиот последен настап за Франција беше во Лигата на нации месецов против Белгија, кога влезе како резерва во победата од 2-0. За репрезентацијата постигна и 44 голови и се наоѓа на четвртото место на вечната листа на стрелци за Франција зад Оливие Жиру, Тјери Анри и Килијан Мбапе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе