Одбојка Спорт

Струмица даде поголем отпор, но повторно загуби од Олимпијакос

Македонскиот одбојкарски првак Струмица загуби од Олимпијакос со 3-0 и на реванш натпреварот од првото квалификациско коло за пласман во ЦЕВ Лигата на шампиони. Нашиот сега ќе продолжи да игра во Европа и ќе се натпреварува во ЦЕВ Купот.

За разлика од првиот натпревар во Струмица минатата недела, денеска македонскиот шампион даде далеку посилен отпор против фаворитот иако повторно загуби во три сета. Денеска нашите одбојкари освоија далеку повеќе поени и беа близу да освојат и сет. На крајот Олимпијакос заслужено се радуваше на триумф од 25-19, 25-17 и 25-21.

Грчкиот тим во Лигата на шампиони во рамки на 2.коло ќе се соочи со подобриот од пресметката помеѓу Гуагас и Бенфика, а на првиот натпревар шпанскиот состав славеше со 3-1.

Што се однесува до Струмица ова не е крај на европскиот пат, бидејќи нашиот тим ќе продолжи да игра во ЦЕВ Купот, каде ќе се соочи со поразениот од дуелот помеѓу Капошвар и Инсбрук од Лигата на шампиони.

Фото: ЦЕВ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битола на нозе пред дербито со Вардар: Е. Пелистер ја распродаде салата за седум минути (ФОТО)

Дејан Дејан

Јувентус и Сити бараат излез од кризата, Барселона гостува во Дортмунд

Дејан Дејан

Данска против Холандија во директен дуел за место во полуфиналето на ЕП 2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе