Одбојка Спорт

Струмичани гостуваат кај Олимпијакос: Целта на реваншот е да се подобри впечатокот

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица денеска го игра реванш натпреварот со Олимпијакос на гостински терен во рамки на квалификациите за пласман во Лигата на шампиони на ЦЕВ. На првата средба во Струмица грчкиот состав славеше со максимални 0-3.

Олимпијакос се покажа како преголем залак за македонскиот првак. Минатиот вторник Грците покажаа квалитет и заслужено славеа во три сета со 15-25, 17-25 и 15-25 за само 69 минути игра.

Ниту репрезентативните засилувања не беа доволни за нашиот првак да му се спротивстави на фаворитот. Денеска реваншот во Пиреја е со почеток од 18:30 часот, а патникот во втората квалификациска рунда е веќе познат. Струмичани ќе се обидат барем да го подобрат впечатокот од првиот натпревар и да одиграат подобар натпревар. Олимпијакос секако ќе продолжи во Лигата на шампиони и во 2.коло ќе се соочи со подобриот од пресметката помеѓу Гуагас и Бенфика, а на првиот натпревар шпанскиот состав славеше со 3-1.

Што се однесува до Струмица ова не е крај на европскиот пат, бидејќи нашиот тим ќе продолжи да игра во ЦЕВ Купот, каде ќе игра со поразениот од дуелот помеѓу Капошвар и Инсбрук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе