Бока Јуниорс синоќа загуби од својот лут ривал Ривер Плејт на домашен терен со 0-1 во рамки на аргентинскиот фудбалски шампионат. Како и на секое „Супер Класико“ емоциите беа на највисоко можно ниво, а по дуелот домашниот голман Серхио Ромеро предизвика сериозен инцидент.
По заминувањето од теренот на стадионот „Ла Бомбонера“ тој се обиде да се пресмета со навивачите на Бока. Од тунелот отиде кон трибината, а обезбедувањето спречи поголем инцидент.
‼️El portero de Boca Sergio Romero, se encara con los aficionados de su equipo tras la derrota 0-1 ante River #Radioestadio • Onda Cero Radio
pic.twitter.com/RUxhaf5akw— Radioestadio (@Radioestadio) September 21, 2024
Ромеро во својата кариера има 96 настапи за Аргентина, а во минатото бранеше за АЗ Алкмар, Сампдорија, Монако, Манчестер јунајтед и Венеција.