Спорт Фудбал

Стефано Пиоли ќе му биде нов тренер на Кристијано Роналдо

Ал Наср ќе го назначи Стефано Пиоли за нов тренер по отказот за Луис Кастро. Саудискиот клуб во кој игра Кристијано Роналдо слабо ја почна сезоната па затоа беше потребна промена на клупата.

Пиоли се очекува да потпише двегодишен договор со Ал Наср вреден 8 милиони евра по сезона плус бонуси.

Ова се добри вести и за Милан, кој иако го отпушти Пиоли по завршувањето на минатата сезона продолжи да му ја исплаќа платата до истекот на неговиот претходен договор. Со ангажманот во Ал Наср ќе заврши и договорот на Пиоли со „росонерите“, кои ќе заштедат 7,5 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе