Спорт Фудбал

Почнува новата ера во ЛШ: Првото дерби е помеѓу Милан и Ливерпул

Новиот формат во фудбалската Лига на шампиони почнува денеска. Првата голема пресметка е помеѓу едни од најтрофејните клубови во елитата Милан и Ливерпул, кои го приредија и најепското финале во историјата на натпреварувањето.

Групната фаза е веќе минато во европскиот елитен фудбал, па веројатно ќе биде потребно време сите ние да се навикнеме на новиот лигашки систем на натпревари. УЕФА очекува повозбудливи натпревари, а според ждрепката веројатно и ќе добиеме повеќе дерби пресметки.

Првиот дуел што привлекува многу внимание е помеѓу Милан и Ливерпул. Седумкратниот европски шампион ќе го пречека шесткратниот првак. Овие два европски гиганти го приредија и најголемиот спектакл во историјата на финалињата на Лигата на шампиони. Во 2005 година во Истанбул, Милан водеше со 3-0 на полувремето, за Ливерпул да израмни на 3-3 во вториот дел. По многуте нереализираше шанси во продолженијата на „росонерите“, англискиот тим дојде до победата на пенали. Овие два тима се сретнаа и во финалето две години подоцна, но тогаш миланезите се реваншираа со триумф од 2-1 за седмата и засега последна европска круна.

Тоа беше историјата, а во сегашноста, двата клуба влегоа во новата сезона со нови тренери, Пауло Фонсека кај Милан, а Арне Слот го презема кормилот на „Енфилд“ од Јирген Клоп.

„Росонерите“ почнаа очајно во Серија А и дури во саботата во рамки на 4.коло го запишаа првиот триумф и тоа против Венеција на домашен терен од 4-0. „Црвените“ од другра страна пак тргнаа со три победи во Премиерлигата без примен гол, но викендов го запишаа првиот пораз и тоа пред своите гледачи од Нотингем Форест со 0-1. Во поновата историја овие два тима играа меѓусебе и во групната фаза во 2021 година и Ливерпул славеше два пати со 3-2 на домашен терен и со 1-2 на „Сан Сиро“.

Фонсека за овој натпревар нема да може да смета на Исмаел Бенасер, Алесандро Флоренци и Малик Чау, кои се повредени, додека во составот на Слот ќе го нема само Харви Елиот исто така поради повреда.

ФУДБАЛ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
1.КОЛО

(18:45 ЧАСОТ)
ЈУВЕНТУС – ПСВ
ЈАНГ БОЈС – АСТОН ВИЛА

(21 ЧАСОТ)
МИЛАН – ЛИВЕРПУЛ
БАЕРН М. – ДИНАМО З.
РЕАЛ М. – ШТУТГАРТ
СПОРТИНГ Л. – ЛИЛ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе