Спорт Фудбал

Почнува процесот против Манчестер сити: Пресудата ќе биде донесена во 2025 година

Во понеделник ќе започне процесот против Манчестер сити по обвинението за 115 прекршоци на финансиските правила на Премиерлигата. Сослушувањето ќе биде пред независна комисија далеку од очите на јавноста и се очекува целиот процес да трае околу два месеци.

Предвидувањата се дека одлуката дали Сити ќе биде казнет или ќе биде ослободен од обвинувањата да биде објавена во пролетта 2025 година.

Ако англискиот првак биде прогласен за виновен веројатно ќе биде исфрлен од Премиерлигата, а не се исклучува и одземање на шампионските титули освоени изминатите години, бидејќи процесот е за прекршување на финансиските правила во последната декада.

За потсетување, во последните десет сезони во Премиерлигата, Сити беше шампион седум пати.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе