Вести Култура

Интервју со писателката Милена Марковиќ

За креативниот процес на пишување, дали и колку е уметноста ставена на маргините во време на економска криза разговор со истакнатата авторка на драмски текстови, сценарија и поетски книги Милена Марковиќ која за романот „Деца“ ја  освои 68. НИН-ова награда за роман на годината во Србија во 2021 година. Најпознати дела на Милена Марковиќ се сценариото за серијата „Мочуриште“, како и текстовите за претставите „Павилјони“ и „Брод за кукли“, што во моментов се на редовниот реперотар на Народниот театар Битола.

 

Затоа што во контекст на романот „Деца“ различни луѓе ме прашуваа , најверојатно поради одредени текови во таа книга, дали ми било полесно или потешко. Јас кога читам литература од други автори, сигурно многу пати големите книги, песни, музиката, воопшто уметничките дела ми го „спасија“ животот. Но, тоа е став на публиката значи, на читателот. Но, самиот процес на пишување е еден вид „симнување во рудник“. Ти секој ден слегуваш во рудник, и копаш и копаш и многу малку од тоа останува да вреди, значи една професија и пред се занает. Мора совршено да се владее метриката, версификацијата, структурата и формата за тоа воопшто да се направи. – вели Милена Марковиќ, авторка на драмски текстови,сценарија и поетски книги.

За креативниот процес на пишување, дали и колку е уметноста ставена на маргините во време на економска криза разговор со истакнатата авторка на драмски текстови, сценарија и поетски книги Милена Марковиќ која за романот „Деца“ ја  освои 68. НИН-ова награда за роман на годината во Србија во 2021 година. Најпознати дела на Милена Марковиќ се сценариото за серијата „Мочуриште“, како и текстовите за претставите „Павилјони“ и „Брод за кукли“, што во моментов се на редовниот реперотар на Народниот театар Битола.

Затоа што во контекст на романот „Деца“ различни луѓе ме прашуваа , најверојатно поради одредени текови во таа книга, дали ми било полесно или потешко. Јас кога читам литература од други автори, сигурно многу пати големите книги, песни, музиката, воопшто уметничките дела ми го „спасија“ животот. Но, тоа е став на публиката значи, на читателот. Но, самиот процес на пишување е еден вид „симнување во рудник“. Ти секој ден слегуваш во рудник, и копаш и копаш и многу малку од тоа останува да вреди, значи една професија и пред се занает. Мора совршено да се владее метриката, версификацијата, структурата и формата за тоа воопшто да се направи вели Милена Марковиќ.

Вие сте сценаристка и на серијата „Мочуриште“ која ги загаатнува агресијата злото, претпоставувам дека криминалистичкиот жанр беше подеднакво предизвик за Вас доколку го имаме предвид богатото и разнолико Ваше творештво ?

Кога започнав тоа да го работам за мене најинтересно беше да работам ноар, многу би сакала да успеам во тоа, но тоа е голем проблем со сите продукции, освен со најголемите светски продукции. Сериите се еден племенит ескапизам и во ноар и во криминалистичките серии, без оглед што се работи за темната страна на градот, за наличјето на животот, тоа е сепак ислучително благородно затоа што на крајот има решение, доброто го победува злото на некој начин. Со тоа што во ноар доброто е секогаш на ивица, зад секој човек оди неговата сенка, но нештата имаат решение. Но во животот најчесто сето тоа е многу банално, свирепо и нема некоја важност – вели Марковиќ.

Знаете што од 2005,  2006 та година се случи во светот целиот квалитетен кинематографски меинстрим да премина во сериите. И тој тренд се повеќе и повеќе продолжува. Тоа се случува меѓу другото и затоа што владее и тоа е особено јасно во изминативе пет-шест години владее неверојатна цензура и автоцензура на Западот и тоа по различни прашања. И на вас во меинстримот речиси ви е невозможно, еве ќе набројам неколку ремек дела на тој главен тек, значи воопшто не зборувам за некои ексцентрични остварувања, не може да се сними „Кум“ или „Апокалипса сега“ или било кој од тие филмови што се снимале во 70-те, 80-те. Тоа започна во осумдесетит. И има во врска со тоа дивеење на слободниот пазар каде што филмот станува еден вид на производ.

Живееме во време на економска криза и она што прво се става на маргините е токму уметноста културата, дали можеме да речеме дека културата е маргинализирана денес.

Тоа е исклучително сложено прашање,затоа што не е само економска криза туку сигурно духовна криза. Тука всушност најголемиот удар го нанесе интернетот. Појавата на интернетот е  она што најверојатно ја поремети човековата свест. Сигурно некои луѓе социолози, историчари, филозофи  се занимаваат со тоа . Но, не можам да се сетам на нешто во историјата  на човештвото што за толку кусо време ги помести нештата. Еве ние што не сме деца, млади адолесценти, па деновите и  годините да ни се долги, па брзо да гледаме на времето. Само погледнете што се случуваше пред десет години . Да ви речеше некој пред десет години дека ќе се случи тоа и тоа, би ви изгледало како  научно- фантастичен филм.Тоа е тектонско нарушување. Тука всушност најмногу настрада уметноста, која е невозможно да ја нема – истакна таа.

  Нина Стефановиќ

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе