Борба против Лажни вести Вести Македонија Топ вести

Со лажна објава за бесплатна „Скопска“ ловат лични податоци на граѓани

Новоформирана страница на Фејсбук, наречена „Транспортна карта на град Скопје“ на граѓаните им нуди можност до крајот на месецов да си купат картичка „скопска“ и за тоа да добијат бесплатен превоз една година. Дека станува збор за измама или за невкусна шега е повеќе од јасно, а тоа го потврдија и од ЈСП „Скопје“.

„ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП“, наведуваат од ЈСП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Може ли македонскиот преносен систем да се соочи со новиот енергетски предизвик?

Дејан Дејан

Во нападот со нож во Хамбург 17 повредени, од кои четворица се во животна опасност

Дејан Дејан

ЕУ одговори на заканите од Трамп за царини: Сакаме фер трговски договор, но подготвени сме да одговориме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе