Uncategorized

Енергетската мрежа ќе се оправа со нов заем од ЕБОР кому претходно му плаќавме провизии за неискористен кредит

МЕПСО се задолжи кај Европската банка за обнова и развој со заем од 26, 4 милиони евра. Парите ќе се користат за изградба на нова трафостаница во близина на Гевгелија и за обнова на 110 киловолтен далновод за да може да се приклучат над 1.000 мегавати од обновливи извори кои во моментов не се во функција поради слабиот капацитет на мрежата во овој регионот.

Покрај оваа корист проектот ќе негува и развој на човечки капитал. Ние ќе помогнеме МЕПСО да воспстави центар за обука во југозападниот регион и овој центар ќе се фокусира на обука на операторите на мрежите и другите секторски работници што ќе бидат погодени од транзицијата кон зелена енергија и ќе развијат зелени вештини за иднината, вели Одил Рене Басо, претседателка на ЕБОР

Но, ова не е прв пат МЕПСО да се задолжи кај ЕБОР. Во 2015  година, компанијата зема заем од банката од околу 50 милион евра. Парите не се искористиле па поради тоа на МЕПСО му била наплатена провизија. Ова било констатирано и во извештајот на државните ревизори, каде стои дека компанијата за провизија платила близу 700 илјади евра.  Министерката за енергетика Божиновска уверува дека овој пат со овој заем тоа нема да се случи.

-Гарантирам дека нема да се повтори оваа ситуација. Се што ќе биде сега договорено и потпишано ќе се испочитува и ќе се работи. Не знам што се случило претходно тоа ќе видиме за некое време ревизијата што ќе покаже, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска

Кредитот од ЕБОР е со  грејс  период од 3 години,  каматна стапка 6 месечен ЕУРИБОР  и 3 отсто маргина. Вкупната вредност на проектот е 34, 7 милиони евра. Дел од трошокот се покрива од ЕБОР, остатокот со грантови од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и од Климатскиот фонд.

Инаку, извесен период МЕПСО беше во центарот на вниманието затоа што за краток период промени неколку директори, но и поради долгот кој кон компанијата го направија неколку трговци со струја.

Тој изнесуваше 14 милиони евра или речиси половина од  новиот заем на МЕПСО. За овој долг ревизорите констатираа дека бил отпишан, но од МЕПСО негираа. Последно беше соопштено дека од долгот компанијата наплатила 4 милиони евра. Дали Мепсо успеа да ги врати овие пари во својата каса се уште се чека на одговор.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

100тина луѓе се евакуирани, над 40 побарале лекарска помош заради вдишување на чад – пожар избувна во подрум од зграда во Чаир

Дејан Дејан

Македонија на состанокот на советот за општи работи на ЕУ, проширувањето останува приоритет

Дејан Дејан

Коцевски: Досега немало случај за екстрадиционен притвор да биде определен куќен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе