Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Eзерото е сè поплитко, наместо со чамци, по риба со трактори – нивото на Преспанско е 5,75 метри под нормала

Драматична е сликата на брегот од Преспанското Езеро, каде нивото деновиве е 5,75 метри под нормалниот водостој. Водата на места е повлечена стотици метри во должина, езерото е плитко, а делови од крајбрежјето се претворено во калливи мочуришта и обраснато со вегетација.

Плажите на Преспанско Езеро се обраснати со трска и трева, водата е со тиња, на брегот има изумрени школки, а влезот во езерото секоја година е сè подалеку. Месното население на рибарење, покрај со чамци, оди и со трактори.

Од Општина Ресен велат дека освен сушата и климатските промени, за ваквата состојба влијае и човечкиот фактор, користењето, но и злоупотребата на езерската вода.

„Овој период се трошат навистина големи количини за наводнување, а тоа и топлотниот бран, дава негативни резултатите на квантитетот и квалитетот на водата во Преспанското Езеро и сливното подрачје“, вели Ајман Ал Малла, раководител на Секторот за животна средина во Општина Ресен

Дека глобалното затоплување и човечките активности имаат драматичен удел врз нивото на водата во езерото, денеска констатираше и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој заедно со постојаниот претставникот на програмата за развој на Обединетите Нации (ОН), Армен Григоријан, го посетија регионот и побараа  интензивирање на активностите во рамките на проектот ЕУ за Преспа.

„Време е за акција да се обидеме да го свртиме овој тренд. Тоа значи дека сите чинители во Северна Македонија, Албанија и Грција, националните и локалните власти, граѓанското општество, бизнис заедницата и меѓународната заедница треба заедно да работат да ја постигнат истата цел, а тоа е зачувување на ова извонредно место и зачувување на егзистенцијата на луѓето што живеат тука“, рече евроамбасадорот Дејвид Гир.  

„Се надеваме како дел од проектот дека ќе успееме да го возобновивме и зачуваме биодиверзитетот на едно од најстарите слатководни езера во светот, кое е во опасност поради негативните влијанија“, рече Армен Григоријан, постојан претставник на програмата за развој на ОН.

Со инвестициите од проектот „ЕУ за Преспа“ од над 18 милиони евра, Европската Унија и УНДП ќе работат на заштита на биодиверзитетот во Преспанското Езеро, развојот на одржливо земјоделие и туризам, а ќе се спроведат и инфраструктурни интервенции за справување со отпадот и отпадните води. Како дел од активностите се планира и отворање на граничниот премин „Маркова Нога“ меѓу  Македонија и Грција.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски денес на средба во Влада со потенцијални инвеститори за изградба на когенеративна централа

Дејан Дејан

Почна расправата за буџетот за наредната година

Дејан Дејан

Црвен картон на локалните ќе значи предвремени парламентарни избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе