Вести Македонија

Владата повторно ќе биде оградена со ковано железо

Оградата од ковано железо се враќа пред Владата. Откако пред 9 дена се всели во овој објект и утврди дека е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда, кабинетот на Мицкоски  ѝ даде налог на Службата за општи и заеднички работи да почне постапка на враќање.

Директорот на СОЗР Ивица Томовски информирал дека оградата била „несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден“.

Беше поставена во септември 2015-та и платена 700 илјади евра од владата на Никола Груевски. Ја отстрани Владата на Зоран Заев пред 5 години.

На „Илинденска“ продолжуваат именувањата на вд директори. Со 5 институции ќе раководат нови лица, некои добро познати во јавноста.

Гоце Димовски е именуван за директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони. Негова струка се странските инвестиции и проекти финансирани од меѓународни институции.

Александар Пандов ја презема Управата за извршување на санкции. Поранешниот пратеник по занимање е историчар со искуство во приватниот сектор.

Сашо Клековски, со диплома од Медицинскиот факултет, до сега менаџер, аналитичар, консултант и основач на повеќе граѓански организации, ќе биде директор на Фондот за здравствено осигурување.

Стоматологот Оливер Миланов ќе биде директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. До сега раководел со Секторот за храна од неживотинско потекло во оваа институција.

Пратеникот од минатиот состав Здравко Трајанов ќе директорува со „Национални шуми“. Тој е професор на Шумарскиот факултет, со голем број трудови од областа на шумарството.

Владата предлага укинување на економските директори во јавните здравствени установи. Целта е избегнување на дуализмот со постоењето две управувачки позиции – организациски и медицински директор и лоцирање на одговорноста во менаџирањето.

Предложените Измени на Законот за здравствена заштита треба да бидат изгласани во Собранието.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Густа лава по земја, густ чад на небо – еруптираше вулканот Етна

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска во „Вин-Вин“: Зголемувањето на пензиите не е големо оптоварување на буџетот, каматите прават огромен притисок

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска во „Вин-Вин“: Општините кои имаат готов и прифатлив проект ќе добијат средства, оние кои немаат, нема за што да добијат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе