Вести Култура Топ вести

Отворен третиот дел од изложбата „ Париски рефлексии“ во чест на Меѓународниот ден на франкофонијата

Слики, скулптури, таписерии и графики го сочинуваат третиот дел од изложбата „ Париски рефлексии“, отворена во Чифте амам при Националната галерија на Македонија. По изложените прв и втор дел од  изложбата во 2022 и 2023 година на истото место, во овој дел „ Париските рефлексии“ го прикажуваат творештвото на третата генерација македонски визуелни уметници, родени по 1930 година. Тие престојувале во Париз , во атељето Cite internasional des arts , како добитници на поранешната државна награда „ Моша Пијаде“, преку специлизации, дополнителна наобразба и отворање изложби, со што биле поврзани со центарот на светската уметност. Со тие искуства влијаеле на развојот на македонската современа визуелна сцена во 7 и 8 деценија на 20 век, а значајни се и по нивната петагошка работа, кажа директорката на Националната галерија.

  • Секој со своето препознатливо творечко кредо извршиле влијание врз развојот на македонската уметност. Особено во доменот на пренесувањето и продлабочувањето на влијанијата на енформелот, надреализмот, новата фигурација, геометризмот и останатите тогашни светски тенденции, кажа Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија на Македонија.

Од  делата на Нове Франговски и Душан Перчинков, преку Ана Темкова и Глигор Чемерски до Боро Митриќески и Васил Василев, изложбата ја рефлектира испреплетеноста на македонската и француската култура, кажа амбасадор на Република Франција во Македонија. Со неа, Националната галерија се вклучи во чествувањето на Меѓународниот ден на франкофонијата.

  • Оваа нова изложба ни овозможува одново да ја процениме таа испреплетеност на нашите две култури. Тие рефлексии на париските движења во македонското модерно сликарство , преку една фина селекција од 40 дела од 23 македонски уметници, кажа Сирил Бомгартнер, амбасадор на Република Франција во Македонија.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска – Михајловска. Таа за посетителите ќе биде отворена до 20 април. А, како што првите два дела од „ Париските рефлексии“ беа изложени пред битолската публика минатата година, така годинава и третиот дел ќе патува за Битола. Изложбата е организирана во соработка со Францускиот институт во Скопје и Француската амбасада во Македонија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе