Вести Култура Топ вести

Васил Хаџиманов: Албумот „Ќеиф“ е музика како лек по пандемијата

Албумот „ Ќеиф“ го направивме како некаков лек за по пандемијата. Вака пијанистот, композитор, аранжер и педагог, Васил Хаџиманов, го опиша новиот материјал, на денешната прес конференција, во пресрет на концертната промоција што ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 12 април. На албумот во издание на Croatia Records има 9 нумери. Тие претставуваат спој на различни музички правци, кои се доказ за џез фјужн стилот, својствен за Васил Хаџиманов Бенд. Покрај Хаџиманов кој има македонско потекло по татко му Зафир, во овој состав членува тапанарот Виктор Филиповски, кој е автор на една нумера од албумот. А, еден од продуцентите на албумот е нашиот џез гитарист и композитор, Тони Китановски. Тој трет пат соработува со Хаџиманов, а ќе настапи на концертот како специјален гостин.

  • После сѐ она што се случи со таа пандемија, болести, умирања и ужаси, некако мене ми беше логично да се направи некаква музика која е како некаков лек, како некој мелем. Наместо сега да го отсликаме, што е на некој начин задача на уметникот да го покаже времето во кое живее, што би бил доста мрачен, грозен албум и здодевен. Вака е подобро. Така што сите тие композиции се многу лесни , непретенциозни и аранжерски, на било кој начин. И потоа некако има смисла да се нарече така албумот. Ова е за твој ќеиф, кажа Васил Хаџиманов.

 

  • Продуцентот има многу поголема работа долго пред да почне да се снима. Откако ќе заврши снимањето долго после тоа- продукција, пост продукција. А, специјалниот гостин има 5 минути работа. Само да се намести пред микрофон и да отсвири едно соло. Но, двете се подеднакво инспиративни, рече џез гитаристот Тони Китановски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе