Вести Култура Топ вести

Францускиот поет Жан Пјер Симеон годинашен лауреат на Златниот венец на СВП

Истакнатиот француски поет Жан Пјер Симеон  е добитник на „Златен венец“ за 2024 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“. Поетот,  драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон  како професор по модерна книжевност, има објавено повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси кое се преведени на повеќе светски јазици.

Францускиот поет Жан Пјер Симеон со широк распон на својот творечки потенцијал негува своевиден естетизам, благородна доверба во моќта на зборот. Тој се залага да се сочува песната од фаталното сквернавење и да се сочува скапоценото достоинство на зборот и на песната, забележа професор Шелева, претседател на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“.

  • Зборот и песната за Симеон не се нешто блазирано, истрошено, депласирано. Неговиот естетизам моќно одекнува наспроти хорската врева на овој токсичен нихилизам кој се препознава денес во потребата да се обезвредни, да се исмее, да се понижи да се деградира сето она што вреди меѓу луѓето и во уметноста за жалкажа  Елизабета Шелева -претседател на Управниот одбор на СВП.

Самиот избор на лауреат воедно рефлектира и своевиден политички став, во најширока и благородна смисла на овој збор (политика) кој денес многу често се злуопотребува, додаде Шелева.

Со изборот на лауреат во исто време оддаваме порака не само до писателите, туку и пошироко до светот дека на поезијата денес и е потребна поинаква одежда и поинаква реторика за таа одново да му се приближи и освои својот читател, но и да го лекува со својата благородна етика. рече Шелева.

Во поздравното обраќање до македонската јавност кое го пренесе актерката Софиа Насевска – Трифуновска, Жан Пјер Симеон вели:

Поезијата е всушност одбрана на целото човештво против оние што го поседуваат и владеат со светот. Свет кој секојдневно сее убиства, масакри, деструкции. Свет кој го уништува оној живот за кој поезијата сонува во својата потрага по идеалната слобода во кој ќе владее љубовта, се вели во обраќањето на лауреатот Симеон , што го прочита актерката Софиа Насевска- Трифуновска.

Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година која што Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка е германската поетеса Катрин Пиц за нејзината стихозбирка „Вакви денови имало отсекогаш“.

Директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски ја објави соработката на Струшките вечери на поезијата со Делегацијата на ЕУкојашто од оваа година ќе бидепокровител на наградите МЛАДА СТРУГА и ЕНХАЛОН прекуЈуроп Хаус-Струга (Europe House-Struga), најновата членка на мрежата на Јуроп Хаус (Europe House).

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе