Вести Економија Македонија Топ вести

Бектеши уверува дека ЕСМ не се подготвува за продажба

Бектеши тврди додека е тој министер за економија нема да дозволи ЕСМ да оди на продажба. Откако ТЕЦ Неготино стана дел од ЕСМ, скокна вредноста на државните електрани. Но, Бектеши уверува дека не станува збор за продавање. Напротив планот е оваа компанија да стане столб на енергетскиот сектор.  А ако некој има друг план за компанијата Бектеши го повика да излезе и тоа да го каже јавно.

Додека ја сум министер и член на владата и воедно и ДУИ би била во Влада тоа никогаш нема да се случи ќе се случи спротивното, зајакнување на капацитетите на ЕСМ. Нашата политика  е да имаме домашно производство за да им излеземе  на граѓаните во за да имаат  пониски цени. Ако други субјекти имаат други опција нека ја презентираат пред граѓаните јавно и тие нека одлучат дали ќе се продава ЕСМ  или не, вели министерот за економија Крешник Бектеши

ЕСМ го присвои ТЕЦ Неготино и сега  централата  повеќе нема  да биде засебен правен субјект. Целиот имот оди во рацете  на државните електрани. Информацијата за ова спојување беше објавена и Македонската берза, а процесот е почнат од неодамна. Со издавање на  околу 32 милиони обични акции вредноста на ЕСМ сега е 522 милион евра.

ТЕЦ Неготино е централа која служи како ладна резерва, поради тоа што неговата струја е скапа.  Но за време на енергетската криза се донесе одлука да се стави во функција. ЕСМ пак е компанија која третиот квартал лани го заврши со загуби, а од документот до кој дојде КОД може да се види дека има и криза со ликвидноста. Ж

За враќање на долговите ЕСМ обезбедува пари од ЕБОР, а за некои обврски кон добавувачи  доцни и повеќе од 90 дена. Во документот, секторот за финансии дава и  препорака што треба да се преземе за да може ЕСМ полесно да ја надмине кризата со ликвидноста во која се наоѓа.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе