Вести Економија Топ вести

РЕК Битола не произведува струја, дефект во третиот блок го исфрли најголемиот производител од мрежа

Рек Битола во моментов не произведува електрична енергија. Трите блока не работат. Од ЕСМ објансуваат дека третиот блок со кои функционирала централа, поради пукната цевка е исклучен од мрежа. Но, од компанијата уверуваат дека активностите за враќање на еден од блоковите се веднаш започнати.

– Во текот на вчерашната ноќ, поради пукната цевка, што е честа појава, Блокот со кој работеше РЕК Битола испадна од мрежа. Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја, и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира. Веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денес во попладневните часови се очекува истиот да биде приклучен, се вели во дописот од компанијата

Од компанијата велат дека согласно планот за производство се очекува до крајот на неделата да биде ставен на мрежа и вториот блок, додека на почеток на следната недела се очекува сите три блокови да бидат на мрежа.

Инаку, според информации на Телма ЕСМ набавувале струја  од почетокот на месецов до вчера. А сега склучиле и нови договори со трговци за набавка на нови количини за период од денеска до 17 ти март. Од ЕСМ  пак тврдат дека со набавената електрична енергија,  успеале да ги намалат трошоците.

 

-Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена беше набавка на електрична енергија, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работеше само со еден блок, пишува во соопштението на есм

Инаку, податоците за набавка на струја од каде по кои цени и од кои трговци се набавува веќе извесен перод не се објавуваат на страницата на ЕСМ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе