Култура

Вера Атанасовска: Институциите од културата не треба да се доведат до степен на нефункционалност

Институциите од културата не треба да се доведат до степен на нефункционалност. Ова го кажа претседателката на Синдикатот за култура , Вера Атанасовска, во врска со времено запрените активности во МКЦ, откако на 1 март, на 30 лица ангажирани со договор на дело, директорот Арбен Шаќири не им ги продолжи договорите. Тоа го стори по добивање на известување од ДКСК, во кое се повикуваат на членот 8-а од Изборниот законик, според кој во изборен процес е противзаконски да се злоупотребува буџетот на установата.  Атанасовска вели дека институциите од културата се соочуваат со недостаток на стручен кадар. И во околности , во какви сега се наоѓа МКЦ,  тој е доведен во ситуација да не може да ги врши своите дејности. Од друга страна, има вработувања кои се непродуктивни, вели Атанасовска.

  • Ова што се случува во МКЦ е одраз на погоре споменатото. Бидејќи во изборниот процес не може да се ангажираат потребните кадри, доаѓаме во ситуација МКЦ да не може да функционира квалитетно. Оваа ситуација со години тлеела како проблем, вели Вера Атанасовска-претседателка на СКРМ.

Атанасовска е на став дека директорот Шаќири требало да ги задржи хонорарците и да ги исплаќа од сопствените средства што ги генерира МКЦ. Изјавата на претседателката на СКРМ доаѓа откако вчера отпуштени хонорарци кажаа дека егзистенцијата им е неизвесна, дека не биле предупредени дека нема да им се продолжат договорите и дека без документи не ќе можат да го остварат правото на жалба, доколку не бидат вратени на работа, по завршување на изборите. По состанокот на синдикалната организација, од МКЦ испратија барање до повеќе институции за нова препорака за работа, откако по консултации со правници, констатирале дека согласно Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници, установата има право да врши исплати од сопствени приходи и во изборен циклус. Се повикуваат и на Уставниот суд, кој во 2017 година ја укинал забраната за располагање со буџетски средства за време на изборен процес зашто утврдил дека законодавецот во ниту еден закон не го дефинирал поимот “располагање со буџетски средства“. За случувањата во МКЦ, ДКСК најави отворање предмет за утврдување на фактичката состојба и носење соодветна одлука.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНТ со праизведба на „Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе