Вести Култура Топ вести

Отпуштените хонорарци во неизвесност, Синдикатот на МКЦ со барање до надлежните за нова препорака за начинот на работа

Верџина Бајкова е една од 30 лица кои беа хонорарно ангажирани во МКЦ, чиј договор на дело не беше продолжен од 1 март. Таа е археолог кој посетува докторски студии за форензичка археологија во странство, а од 2 мај лани хонорарно работела на реализација на дел од програмата на МКЦ, како замена на колешка која била на боледување. Сега вели дека егзистенцијата им е неизвесна, а за непродолжувањето на договорите не биле предупредени.

  • Ние без никакви предупредувања, некои на 29 февруари беа известени, а еве јас имав привилегија на 27 да бидам известена. Прашав сама, ми кажаа од Правна служба и т.н. Ние на писмено еве немаме договори, немаме никаков документ со кој што ќе може, потоа ако не бидеме вратени да се пожалиме некаде, правно нели, вели Бајкова.

По вчерашниот состанок на синдикалната организација, од МКЦ испратиле барање до ДКСК, Градот Скопје и неговиот Совет, до Министерството за култура, Управниот одбор и директорот Арбен Шаќири. Бараат  нова препорака за работа, откако Шаќири не ги продолжи договорите на хонорарците по добиеното известување од ДКСК дека согласно членот 8 -а од Изборниот законик, во изборен процес е противзаконски да се злоупотребува буџетот на установата. Поради тоа програмските активности се запрени. По консултација со правници, од МКЦ се повикуваат на членот 18, став 4 од Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници, според кој  установата има право да врши исплати од сопствени приходи.

  • Од овие законски одредби јасно произлегува дистинкцијата помеѓу доделените буџетски средства и приходите од самофинансирачки активности (сопствени приходи), со кои институцијата слободно може да располага заради остварување на своите активности и генерирање дополнителни приходи, дури и по донесување на одлуката за распишување на избори, велат од МКЦ во соопштение до јавноста.

Во барањето е наведено и дека забраната за располагање со буџетски средства за време на изборниот процес е укината со одлука на Уставниот суд од 2017 година, кој констатирал дека законодавецот во ниту еден закон не го дефинирал поимот “располагање со буџетски средства“. Па, со забраната за располагање со буџетските средства не може да биде опфатена и таа за сопствените средства, дополнуваат од МКЦ.

Вчера директорот Шаќири преку соопштение кажа дека по изборите ќе ги врати неопходните хонорарци. Бајкова (од почетокот на прилогот) вели дека кога ја прочитала таа реченица  ѝ станало многу тешко, зашто вели дека како колегиум на соработници имале убава соработка и доколку сите не бидат вратени ќе биде лошо и за нив, и за МКЦ.

Сотир Трајков

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе