Публиката на Драмски театар неделава ја има можноста да проследи претстави
на четири ансамбли.
На 6 март гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски.
Традиционалната поддршка на Драмски театар Скопје на колегите од независната сцена продолжува и годинава. Во првиот циклус оваа сезона, настапуваат три театарски групи, а претставите почнуваат во 20 часот.
Во четврток на 7ми март ќе се претстават „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите им се доверени на: Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова. Претставата е по текст на Филип Грујиќ, а режисер е Борис Василески.
Театарот „Златен Елец“ ќе настапи в петок, 8ми март, со „Кенди“ според истоименото дело на Лук Дејвис. Адаптацијата и режијата е на Тамара Стојаноска, а улогите ги играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.
Во сабота на 9ти март е претставата „Бура и продор“ на групата „Стурм унд дранг“ Теа Беговска е автор и режисер, а настапуваат: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим.
Интересот на публиката за гостувањата е голем и со тоа ги покануваме и охрабруваме и останатите професионални ансамбли и театри од независната сцена, за соработка и гостувања во оваа и следниве театарски сезони.