Вести Економија Македонија Топ вести

Граѓаните на С.Македонија, Србија и Албанија имаат слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан”

Од денеска, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан”. Мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и тоа Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, како и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

Мерката има цел да придонесе кон отстранување на бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето и да овозможи користење електронски услуги во рамките на самата иницијатива.

Заинтересираните граѓани за слободен пристап до пазарите на труд на Северна Македонија, Албанија и Србија најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, со што потоа аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во останатите две држави. Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена.

Откако заинтересираните граѓани ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID), кое веднаш се генерира, следен чекор е со тој број да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија https://euprava.gov.rs/ или во Албанија https://e-albania.al/.

Постапката е целосно и детално опишана на следниве линкови:

  1. https://uslugi.gov.mk/otvoren-balkan.nspx
  2. https://av.gov.mk/otvoren-balkan-severna-makedonija-srbija-i-albanija-ns_article-izvestuvanje-za-otpocnuvanje-na-uslugata-sloboden-pristap-do-pazar-na-trud.nspx
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе