Вести Македонија

Исчезнатиот прилепчанец Јошески пронајден мртов

Александар Јошески од Прилеп по кого се трагаше неколку дена, синоќа е пронајден мртов, јавија членови на неговото семејство. Јошески исчезна на 21 февруари, а последен пат бил виден кај една автомеханичарска работилница во градот.

Од МВР информираат дека кај нив пријава дека лицето е пронајдено мртво добиле во 20:15 часот. Според нивните информации, телото на сега починатиот било пронајдено кај местото „Тропаш“.

Пријавата дека е исчезнат ја испратила неговата сопруга. Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе