Вести Македонија Најважни

Кандидатурата на Ахмети реална или пробен балон?

Ќе го следи ли лидерот на ДУИ примерот на Арбен Таравари кој за само две недели од незаинтересиран за претседателската фотелја, стана кандидат на албанската опозиција или се работи за пробен балон да се дефокусира јавноста токму од опозицискиот кандидат? – По посетата на Косово, речиси истовремено со Таравари, и првиот човек на интегративците изјави дека не е време за претседател Албанец во Македонија. Но, вчерашниот Фејсбук статус на неговиот најблизок соработник, Артан Груби, „Само Али Ахмети“, покрена лавина шпекулации дека и тој ќе влезе во претседателската трка. Поранешниот министер за здравство од Алтернатива, Беким Сали, со двосмислен коментар веќе му честиташе.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, пак, го охрабрува Ахмети, ако веќе има претседателски амбиции, да излезе и јавно да ги соопшти.

Наводно, лидерот на ДУИ се предомислил по кандидатурата на Таравари. Но, во Алијанса за Албанците паралелно тече и внатрепартиска битка.

Откако беа одржани паралелни седници на централните претседателства, сега се најавени два конгреса и две разрешувања. Крилото на Таравари за вечерва најавува разрешување на Села од претседателската функција во централното Претседателство, а Села за недела најавува дека ќе го смени Таравари од претседателската позиција во партијата.

Веќе се најавуваат и кривични пријави.

По Конгресот, се очекува Таравари да избере и ново Претседателство на партијата. Од ова крило велат дека два од трите печати на партијата се кај Таравари и дека ако Села не го врати третиот печат, ќе го бараат по судски пат или ќе бараат поништување на печатот. Оттаму велат и дека ако Села и приврзаниците не се откажат од Алијанса и продолжат да ја „злоупотребуваат“ и веб-страницата на партијата, и за тоа ќе поднесат тужба.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Desk

Експерти бараат формирање на сектор за борба против еколошки криминал од МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе