Култура

Резултатите од Годишната програма покажуваат дека сме клиентелистичка култура

Остануваме клиентелистичка култура, реагираат од Центарот Јадро преку соопштение, на резултатите од Годишната програма за култура, на ресорното министерство. Иако Центарот доби 13 000 евра за целата програма за годинава, од Јадро се незадоволни дека останала без поддршка нивната мрежа чинители на независната сцена.

  • Резултатите од овој конкурс, како и на многуте конкурси претходно, покажуваат дека ние и понатаму остануваме клиентелистичка култура, дека никому не му е грижа за развојните културни политики, дека бескрупулозно се распределуваат и онака малкуте средства одвоени од бруто домашниот производ кај партиските и пријателските клиенти. Разултатите од конкурсот покажуваат дека државата не знае што е современа култура, се вели во соопштението од „ Јадро“.

Врие и на социјалните мрежи. Наградуваната писателка Ника Гавровска , се жали дека на конкурсот не поминала нејзина авторска книга, ниту три други, пријавени преку нејзината издавачка куќа „ Гаврош“.

  • Интересно е како се потценуваат силите на креацијата пред деструктивната моќ на демотивацијата, стои во објавата на Гавровска.

Од редакцијата на списанието за литература, култура и уметност „ Современост“, реагираат дека добиле поддршка за два, наместо за четири броја, годинава.

  • Редакцијата не може да ја сфати оваа “поддршка” поинаку освен како саботажа и недостоинствен однос кон работата и функционирањето на првото македонско списание за литература, стои во реакцијата на редакцијата  на „ Современост“.

Се огласи и режисерот Јане Спасиќ. Споредувајќи ги финансиите за драмска, со оние за одобрени проекти од други области на културата, вели дека само една претстава има поголем буџет од 24 300 евра, колку што добила фирмата Адванст Солушн за „ Балет на мраз“, а само неколку претстави добиле повеќе пари од   фирмата „ Сити Рифејсинг“, на која за бришење на чкртаници од јавни објекти и од споменици во надлежност на Министерството за култура и се одобрени 14, 5 000 евра.

Од Министерството за култура со одговор, дека незадоволните апликанти можат да се жалат во рок од 15 дена по добивањето на  решенијата до Државната комисијата за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен. Но, жалбата не го одлага извршувањето, дополнуваат од овој ресор .

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе