Култура

Следнава недела продолжува реконструкцијата на Универзална сала

По повеќе од две години застој, реконструкцијата на Универзална сала ќе продолжи следната седмица, кажа министерката за култура Костадиновска Стојчевска. За таа цел ќе се инвестираат 1 милион и 944 илјади евра. А, останува уште потпишувањето на договорот за банкарската гаранција.

  • Веќе наредната недела изведувачот ќе почне таму да работи на објектот. Да го расчисти објектот и да почне веќе да гради затоа што ги имаме парите и ги завршивме сите други потребни процедури . И веќе е крајно време таму да започне работата, кажа Министерката за култура , Бисера Костадиновска- Стојчевска.

Презентирајќи ги резултатите од конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес по области и активности, министерката кажа дека за сите одобрени проекти се издвоени 14 милиони евра што е за 1, 5 милион повеќе од лани. Од пристигнатите апликации, 2819 се прифатени, а 313 се одбиени од комисиите.

  • Заради пријави во несоодветна дејност, непотполна документација , а во некои случаи наместо документ е приложен празен лист, кажа Костадиновска- Стојчевска.

Не се исклучува можноста за реакции на незадоволни апликанти, иако работиме транспарентно, дополни министерката за култура.

Поддржани се квалитетни, креативни и иновативни проекти, а од оваа година дејноста Креативни индустрии има нова буџетска линија. Заштитата на културното наследство и поддршката на младите уметници и годинава се меѓу приоритетите на Министерството за култура. Ќе бидат финансирани и значајни јубилеи и годишнини на истакнати личности од оваа област.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе