Вести Култура Македонија

Свечено отвoрање на лекторат по македонски јазик, литература и култура во Тирана

Чекор напред за развојот на македонистиката во светот. Самото отворање на единаесеттиот лекторат по македонистика во светот има извонредно значење за македонско-албанските високообразовни, научни и културни односи меѓу двете пријателски и соседни земји, чин кој го разоткрива духот на добрососедските односи и позитивни трендови на запознавање и зближување, забележа ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова на свеченото отворање на лекторатот по македонски јазик, литература и култура во Тирана.

Денеска ја славиме македонистиката и филологијата, нејзината безграничност, нејзината способност да отвора граници, дијалози, да започнува и овозможува соработки. Преку взаемни проникнувања откриваме богатства на други култури и контексти. Посакувам Лекторатот по македонски јазик, литература и култура во Тирана да развие успешна и плодна македонистичка дејност, во духот на добрососедските односи и позитивни трендови на запознавање и зближување, изјави проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на УКИМ.

Денес е празник на македонистиката во Тирана. Денес македонскиот и албанскиот јазик – си подадоа рака и отворија мостови за високообразовна, научна и културно-дипломатска соработка меѓу две добрососедни земји и култури, истакна професор Кристина Николовска.

Денеска подаваме рака – не само два универзитета, два јазика, две соседни земји, туку и две култури кои имаат отворена желба да се запознаваат, проучуваат и зближуваат. Денеска праќаме прекрасна порака дека сакаме да се разбереме и преку преплетот на јазиците да чекориме напред, во духот на добрососедството и соработката. Мостуваме – а мостот е симбол на премин од минливост во вечност. Македонија и Албанија се среќаваат како културни и цивилизациски трезори на Европа, изјави проф. д-р Кристина Николовска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ.

Секоја афирмација на македонскиот јазик надвор од границите е за поздравување, забележа министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Отворањето на лекторат се регулира со еден меѓудржавен договор. Се разбира ова е сè уште на нивото на бесплатен курс, истото она што го имаме на Универзитетот за странски јазици во Корча, направен со заеднички напори со Советот за македонски јазик, каде што веќе втора година македонскиот јазик ќе се изучува како странски јазик. Се нуди исто така бесплатен курс и од наредната академска година веќе македонскиот јазик станува задолжителен, со задолжителен фонд на часови на Факултетот во Корча“, изјава Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура.

Радува големиот интерес на студентите од Универзитетот во Тирана за изучување на македонскиот јазик, литература и култура, додаде Николовска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски, јазик, литература и култура при УКИМ, на чија иницијатива, Лекторатот, покрај редовната настава, промотивно, ќе одржува и бесплатен онлајн курс за сите студенти на универзитетот во Тирана.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе