Вести Култура Македонија Топ вести

„Уживав во работата“, вели Александар Ристоски, за улогата на Рацин во ТВ серијата „Црвениот поет“

Александар Ристоски, за улогата на Рацин во ТВ серијата „Црвениот поет“, која се емитува на Телма објаснува како е да се игра еден таков великан.

Ристоски работи и живее во Белград и во Сомбор, Србија, во Утринска Телма, кажа дека режисерот Никола Поповски му се јавил и му кажал дека се прави голема серија за Рацин, „сакаше да чуе да прочитам некој текст, па се случи кастингот, влегов во вториот круг и ми јавија дека одлучиле јас да ја добијам главната улога“, вели Ристоски.

Биле двајца-тројца во потесен избор но, никогаш не му кажале кои се другите пријавени на кастингот.

„Серијата се снимаше во Битола и околината, само еден или два дена во Скопје. Во селото Буково и во Битола, бидејќи таму се уште постојат и се функционални тие стари куќи, сочувана е архитектурата од тоа време“, рече Ристовски.

„За мене Рацин е еден од најголемите, како млад глумец, само што дипломирав, но ги разуверив сомнежите на сите“, вели тој.

„Некако цело време во глава ми поминуваше тоа кој е тој, како треба да се игра еден таков великан. Но сфатив дека тој бил човек како и ние, дека треба да се трудам да биде жив, а не како човек кој не правел грешки и дека секој негов чекор бил точен, но сите ние сме луѓе. Беше тешко од една страна, но од друга страна и режисерот ме водеше кој бил тој, како треба да изгледа, што мислел во даден момент. Бевме полни со податоци и бевме полни со решенија за сцените кои следуваа. Генерално уживав во работата“, рече Ристовски.

  • Работевте по сценарио на Сашко Насев, колку тој ви помогна во создавањето на улогата, во градење на ликот?

-Сашко Насев беше присутен и на кастингот заедно со Никола Поповски, режисерот. Сцените прво ги читавме, разговаравме за тоа, па потоа без брзање почнувавме со снимање. Тие имаа во предвид дека јас само што дипломирам со помалку искуство па беа внимателни и ме чуваа.

  • Да вие тогаш имавте само 21 година.

-Голем дел од актерите се актери од Битолскиот театар, а тој ансамбл многу ме потсетува на мојот ансамбл во Сомбор и се многу компактни. Сите беа среќни што јас го играм Кочо Рацин.

  • Родум сте од Тетово, како го совладавте велешкиот дијалект.

-Имавме неколку лекторски проби, па потоа сам ја учиш мелодијата на гласот. Мене ми беше потешко да се вратам од српскиот на македонскиот, но како поминуваа деновите често го користев македонскиот и тоа не се заборава.

-Секој актер колку и да не сака да признае најважно му е тоа колку и се допаѓа на публиката. Се што работиме работи за тоа некој да го види и да каже „ова ми се допаѓа, ова е добро“. Видов и некои негативни коментари и некако ми е жал, ние балканците некако сме нестрпливи, па не можеме да дочекаме нешто да се заврши, па да дадеме некој коментар, и се што се случува гледаме низ призма на политиката.

  • Дали по завршувањето на проектот во 2017 година дали ви беше жал што публиката не може да ве запознае во улогата на Кочо Рацин?

-Чекаш првите два години со надеж дека нешто ќе се случи, после третата си викаш можеби ова и нема да се случи, четвртата ти го потврдува тоа а петта година веќе забораваш и дека тоа си го работел додека не се случи одеднаш. Веќе и не очекував дека било кога ќе се пушти серијата во етер, но кога ми се јави Никола Поповски пред Нова година се изненадив.

-Оваа серија беше снимена и завршена постпродукција, а серијата Македонија беше само почната да се снима и тоа беше прекинато.

  • Се снимаше 2016, но кој дел ви беше најтежок?

-Можеби судењата на Кочо Рацин и големите монолози, кои мораш и по неколку пати да ги изговориш, во тотал, па во крупен кадар. Тоа е можеби најтешкиот дел од снимањето да имаш концентрација 12 саати.

  • Серијата е богата со факти кои се чуваа во архивите на МАНУ

Кога седнав да видам што ќе најдам на интернет, немаше информации, но кога ја добивме фактографијата од МАНУ, видов дека и Сашко Насев тоа го користел во текстот, навистина богата архива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе