Култура

Весиличарскиот концерт на НОБ со пригодна , но не едноставна програма, изведена од солистите виртуозно

Почетокот на годинава во Националната опера и балет, резервиран за традиционалниот гала оперски концерт, за празникот Василица. Во двете вечери под диригентската палка на маестро Клод Лапалм од Канада, беа изведени арии, дуети, хорски делници и балетски парчиња. Иако пригодна, програмата не беше едноставна за изведба. Но, како што велат солистите , на овој концертот кој е еден од најубавите настани во годината, сите сакале да учествуваат. Тие покажаа виртуозни и технички квалитетни изведби.

Аријата од оперетата „ Грофица Марица“ од Емерих Калман, во изведба на сопранот Наде Талевска, го означи стартот на солистичкиот дел, на гала оперскиот концерт на НОБ, за празникот Василица. Изборот на оваа арија беше соодветен за почеток на програмата, со цел подигање на расположението кај публиката.

  • Се работи за танц, за убава здравица , каде таа ги развеселува луѓето да кажам, на сцена. Им пее за тие да танцуваат. Така што мислам соодветно почнува концертот, токму со таа арија, вели сопранот Наде Талевска.

Иако во празничен тон, изборот на ариите не беа лесни и популарни ноти за широката публика. Таков е карактерот на василичарскиот концерт на НОБ, што се виде и од настапот на Зоран Сотиров, со аријата „ Одненадеж“ од операта „ Андреа Шение“, од композиторот Умберто Џордано. Потребно е професионално искуство за да се одговори на задачата, вели овој тенор.

  • Захтева вака, бели коси, човек малку да остари, да созрее, што не значи дека ќе биде добар. Меѓутоа захтева. И захтева зрелост. Една од покомплицираните, покомплексни арии. Јас со душа чекав да дојде, вели тенорот Зоран Сотиров.

Дел од солистите имаа можност пред публиката да доловат уверлива вокална трансформација, зашто во двата дела од концертот изведуваа различна програма. Тоа е случајот и со мецосопранот Николина Јаневска, која во првиот дел се претстави со аријата на Розина од операта „ Севилскиот бербер“ од Росини. А во вториот дел, со арија на Кармен, од истоимената опера на Жорж Бизе.

  • Првата е од фахот на колоратурен мецосопран. Значи, бара многу виртуозност во гласот. Подвижност и раздвиженост. Комедија, значи. Додека втората е драматична улога, каде што бара гласот да е исполнет, полн. Значи со највисок сјај, со најголем волумен да се изведе аријата, вели мецосопранот Николина Јаневска.

Под диригентската палка на маестро Клод Лапалм од Канада,кој диригираше со оркестарот на НОБ, беа изведени и дуети, хорски делници и балетски парчиња, за кои беше задолжена Саша Ефтимова. Виртуозните и технички издржани изведби прават интересот за овој концерт да биде постојан и да се бара билет повеќе.

Традицијата на гала оперскиот концерт на НОБ, за празникот Василица е долга и датира од 1995 година. Од тогаш до денес, интересот за овој концерт е голем. Така беше и годинава, кога беа распродадени до последно место, билетите за двете концертни вечери.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе