Вести Македонија

Пренџов во „Топ тема“: Идејата на ЛДП за промена на градоначалници е добра, но смета дека намерно се пушта пред избори

Граѓаните се единствениот суверен во оваа држава, тие се оние кои поставуваат функционери и тие се тие кои можат да ги отповикаат. И тука нема никаква дилема. Иницијативата за градоначалниците доаѓа од политичка партија која во последните шест и пол години, од претходниот претседател на партијата и сегашниот министер, господинот Пенов се води ресорот на локална самоуправа каде се приготвуваат тие законски решенија врз основа на податоци кои што се споредуваат, вели Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата на „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ако навистина сакате да го смените и не е популизам, се доаѓа, се прашува, кој е најдобар изборен модел, дали можеби треба да одиме со сценарио како во Србија да се бираат само советници, па тие да бираат градоначалник кој што потоа може лесно да се смени. Тоа е многу сериозна работа за која што јас навистина мислам дека е вредна да се дискутира. Но, навистина не знам зошто Ристо Пенов не го поднесе ова многу порано и го носи на 10 работни денови пред техничката влада. И тоа ми е многу голема дилема. И не само мене, туку и на поголемиот дел од јавноста“, истакна Пренџов.

Според него, би било добро иницијативата на ЛДП за законски измени во обид за промена на градоначалник за да може да се разговара.

„Кој би бил критериумот? – Дали не исполнил програма во првите две години? – Дали првата една година? – Трето, што правиме, на пример, кога имате градоначалници, тоа се случува 30 години кон кои има изживување од страна, како градоначалниците на Аеродром и на Штип. Имаат проекти и се кочени. И сега капиталните проекти не се инвестираат во општината поради централната власт и се прашувам кого тогаш треба да смениме? – Министерот или премиерот или треба да ги смениме градоначалниците?“, се дилемите кои ги отвори Пренџов.

Тој истакна и случаи во кој градоначалници имаат изградено градинка, направиле проект, обезбедиле средства, а Финансии не им дава средства за негователки. Затоа, Пренџов вели дека идејата е одлична и вредна за дискусија, но и лично мисли дека намерно се пушта пред избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вештачката интелигенција може да детектира депресија

Дејан Дејан

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе