Вести Македонија Топ вести

Љубчо Георгиевски во Топ Тема: Да не испадне во големата битка за одбрана на македонскиот идентитет сме се „самоотепале“

„Евроскептицизмот веќе подолго време се набљудува во Македонија, а што е алтернативата БРИКС? Колку размена на трговија имаме со Арапските емирати. Нашата евроатланска интеграција е јасно одредена од нашата географска положба, 80% од нашата трговија е со Европа, тоа е работа која е фиксна. Факт е дека ЕУ од времето на Бадинтер, само Македонија и Словенија беа обележани дека може да бидат признати како самостојни. Влезот на Бугарите во македонскиот уставот е последниот услов, што е проблематично и во вториот услов добрососедство овие протоколите еднаш излегуваат дека се дел од преговарачката рамка друг пат дека не се дел од преговарачката рамка“, рече Љубчо Георгиевски во вечерашната Топ Тема.

Тој потсети дека порано се предлагало Македонија да направи комисија колку македонски Бугари биле затворени после 1945 година, но таа комисија воопшто не била формирана.

„Пред Францускиот предлог, треба сериозно да се разговара со бугарската страна и тоа не треба да биде чудно и неприфатливо. 15 – 20 историски настани заеднички да се слават, а зошто да не се славата? Сега времето е истечено треба да чекаме да се случат новите избори. Во Македонија ние цело време се бориме за македонскиот идентитет ние колку повеќе се бориме се повеќе го губиме, од демографски, економски, па до културно забавен спортски живот, се воодушевуваме на други музики. Да не испадне во големата битка за одбрана на македонскиот идентитет сме се „самоотепале“. Македонија не 50 милијарди евра, како на Украина што треба да и бидат доделени, туку пет да добие ние ќе направиме космички промени“, смета Георгиевски.

Според него ако Македонија почне трговија со ЕУ и правен систем ќе расте брзо, а ЕУ ќе биде присутна секојдневно. Влегувањето значи поголема контрола. ВМРО – ДПМНЕ се доведува во ситуација после како Самитот на НАТО Букурешт и после 10 години ќе бевме таму. Проблем е корупцијата и неспроведување на правдата, меѓутоа јасна е позицијата на ЕУ не си ја завршивте задачата не ги завршивте промените во Уставот и ќе си чекате.

„ВМРО Народна партија никогаш не ја уценувале владата имаме чувство на достоинство да го завршиме четири годишниот мандат. Не се согласуваме со сите економски политики и нашиот пратеник гласа против. ВМРО – Народна парија зборуваше за промени околу Кривичниот законик ги отфрлаа нашите и нудат полоши. Македонските затвори се пренатрупани, како Ел Салвадор и Гватемала“, истакна Георгиевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачки пред велешани: Реконструкција на пругата кон Кочани, електрификација на железничката линија за Битола

Дејан Дејан

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе