Вести

Износените чевли со кои газеа по улиците, пензионерите ги оставија во новогодишни пакетчиња пред Собранието

Износените чевли кои четири ипол месеци газеа по улиците ширум државата, пензионерите денеска ги оставија во новогодишни пакетчиња пред Собранието. Со апел и барање до пратениците, за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари.

„Ги повикувам пратениците сите 120 кои го имаат документот, нашиот предлог закон и едниот и другиот да пристапат кон решавање на нашите проблеми еднаш засекогаш. Не ни требаат лижавчиња, ниту пакетчиња. Еве го писмото на Талат Џафери кој ни го достави дека е предадено на сите пратеници“, вели Драган Угриновски од Сојуз на пензионери.

„Ние ќе издејстуваме 5.000 линеарно зголемување на основицата на пензијата“, вели Верче Јанческа пензионерка.

Откако ги оставија чевлите пензионерите одржаа говор, па добија поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои им ветија исполнување на нивните барања.

„Ние како ВМРО се соживуваме со маката што ја имате вие. Преживувате со минимални средства, преживувате за да не може да живеете достоинствен живот. Затоа во нашата програма што сега ја подготвуваме ќе ги ставиме барањата коишто вие ги имате доставено“, вели Ѓорѓија Сајкоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Пензионерите не се откажуваат од нивните барања и се заканија дека протестите ќе продолжат доколку не добијат линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, но за министерката за труд и социјала Јована Тренчевска ова барање е нереално. Формираше работна група се со цел решавање на проблемите на највозрасните, но и пакет антикризни мерки со пет месечна помош. Пензионерите со пензии до 14.000 денари ќе добиваат владина помош од 3.000 денари месечно, оние со пензии од 14.000 – 16.000 денари, ќе добиваат по 2.000 денари месечно, а оние со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари по 1.500 денари месечно. Од ова ќе се офајдат повеќе од половина од пензионерите, односно 187.000 луѓе.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе