Вести Македонија

Недостаток на медицински персонал-проблем во сите земји од регионот

Од година во година расте интересот кај средношколците, но и кај оние кои се одлучуваат високото образование да го продолжат на Медицинскиот факултет. Интересот за изучување на оваа наука во Македонија е голем, но проблем е што многу од нив иднината не ја гледаат во државата па по завршување на образованието заминуваат во високоразвиените земји. Причините за тоа како што велат се подобрите услови кои им се нудат таму, но и повисока плата.

„ Се помалку и помалку не има на работните места, старее работната сила.  Ако кажам дека јас сум веќе од помладите, а сум 50 години и 32 години на Гинекологија тогаш можете да замислите со каква бројка се соочуваме “, вели Тања Трајковска , акушерка на Одделението за интензивна нега и терапија на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Освен во Македонија со истиот проблем се соочуваат и останатите европски држави. Тие сведочат дека нивни колеги со високо образование и искуство повеќе од 10 години си заминуваат.

„ Многу ни е жал поради тоа затоа што тоа се искусни сестри. И за жал таков готов производ, оној кој би можел да даде најмногу резултати во работата си заминува“, вели Зорица Ковач, медицинска сестра од Хрватска.

„ Мене ми е многу тешко затоа што на некој начин тоа е кражба на луѓе од можеби малку поразвиени земји, ги крадат медицинските сестри на оние кои не се во можност да ги платат медицинските сестри“, вели Моника Ажман, претседател на Комората / Здружение на медицински сестри и акушерки на Словенија.

Проблемот со медицинскиот кадар беше истакнат на денешната регионална конференција во организација на Националното здружение на медицински сестри во Македонија. Таму истакнаа дека она што може да се направи за да го задржат персоналот е да се подигне социјалниот и финансиски статус, да се работи на зголемување на квалитетот на образование и соодветно да се валоризира и цени нивниот труд.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе