Филмови

СРЕЌНА НОВА ’49-та – недела, 19 ноември 2023 – 2215

Основната тема во филмот е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во македонската општествена средина. Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства.

Филмот е приказна за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски (Мето Јовановски) кој како студент се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста (Светозар Цветковиќ) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Тој покажува наклонетост кон Вера (Владица Милосављевиќ), девојката на постариот брат додека тој е во затворот, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, Вера се самоубива. Но, соперничката банда на Бугер (Петар Арсовски) полека ги „средува“ работите во тогашното скопско подземје и Коста, во безизлезна ситуација, се решава да ја напушти земјата и бега на запад. Никој дома не знае каде е заминат и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе