Вести Економија Македонија Топ вести

Експерт ќе го чешла договорот со Синохидро за автопатот Кичево- Охрид- Претставници на компанијата на средба во Ј.П. „Државни патишта“

Ниту барање ниту средба во владата од кинеската компанија Синхохидро. Но, затоа нивниот тим денеска е забележан како излегува од седиштето на јавното претпријатие за државни патишта, по највите на државниот врв дека ќе следи ревизија, и евентуално раскинување на соработката со Синхохидро која за 9 години изгради 78 отсто од автопатот Кичево- Охрид за 600 милиони евра.

Првиот човек на државни патишта не одговара на повиците да соопшти детали до вонредната средба со кинескиот тим. Но, затоа во здружена реакција со транспорт и врски информираат дека следат две ревизии на проектот. Едната е во завршна фаза во државнито завод за ревизија за оправданоста на целите и финансискките импликации, а другата ќе ја вшри експерт кој допрва ќе се ангажира.

  • „Министерството за транспорт и врски и ЈП за Државни патишта, преку Надзорниот орган ангажира експерт за Фидик договори  преку кој треба да се обезбеди анализа на договорот како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево – Охрид. Ова е потребно од причина што рокот за реализација на овој инфраструктурен проект завршува на 31 декември оваа година, а до тогаш Министерството за транспорт и врски и ЈП за Државни патишта преку Владата на Република Северна Македонија ќе донесат одлука со најсоодветното решение за дореализација на овој проект,“ се наведува во соопштението на владата.

По изјавите на државниот врв дека по ревизиите ќе следи одлука на владата дали Синохидро продолжува или ќе биде заменет, и природата дополнително го отежнува крајниот рок за завшрување на проектот. Нови две години според експертите и милиони евра за да продолжи изградбата.

  • „Дополнително, информираме дека појавени се единесет нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експрети кои ќе дадат предлог проектански решенија и мислење за целокупниот проект“, се наведува во здружениот допис на Транспорт и врски и Ј.П. „Државни патишта“.

Владата има помалку од два месеци до исткет на договорот на Нова Година со Синохидро дали ќе ја продолжи сорабтоката или ќе бара нов изведувач.

Нејасно е дали 10-годишниот проект дополнително ќе подлежи на судската постапка на жалба на некоја од договорните страни иако официјално е дека владата не должи ниту евро на Синохидро за се досега сработеното.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе