Вести Македонија

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски успеаја да ги сменат СДСМ и ДУИ, но не успеаја целосно да ја сменат политичката култура, граѓаните добија члувство на промени, но институциитер продолжија и овие две години да се борат со непотизам, партизација, кронизам, недфоволна транспарентност“, изјави новинарот Горан Трпеноски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за две години од промената на власта.

„Македонија за да стане своја, граѓаните да ја чувствуваат, прво граѓаните мора да почувствуваат дека законот важи за сите, дека подеднакво го почитуваат и дека се попдобрува животниот стандард. Но, за жал, и натаму продолжи практиката, овие две години како и претходно, за непочитување на владее на правото, владеење на еднаквост кон сите граѓани и се влошува животниот стандард на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ се успешни, ги бива за популизам, наоѓаат некаков замислен непријател, но мислам дека граѓаните, една година ти можеш да имаш, да се вадиш и да кажуваш дека СДСМ и ДУИ се криви за долговите, за економското цунами што е случено на Македонија, но веќе две години од владеењето граѓаните очекуваат повеќе од симболики, од пораки, тие очекуваат имплементација, односно тоа што е ветено, да се спроведе“, рече Трпеноски.

Тој ја компарираше ситуацијата на Македонија како трчање на лента во теретана.

„Ти можеш да истрчаш 10 – 15 километри на лента, ама трчаш во место. Ние мислиме дека трчаме, дека се развиваме, дека се носат реформи, но реалноста не е така“, додаде Трпеновски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе