Вести Економија Топ вести

Пари за печки на пелети и клима уреди ќе има – како и колку ќе добијат граѓаните од странските грантови допрва ќе се знае

Пари има но допрва ќе се знаат процедурите за тоа како малите и средните претпријатија и ранливата категорија на граѓани ќе може да ги користат грантовите кои владата ги нуди како помош се со цел справување од климатски промени и загадување на воздухот. На листата се клима уредите, фотоволтаиците..

  • Со овие 30 милиони евра се надеваме дека ќе ги поддржиме локалните мали и средни претпријатија во насока на она што е модерно и она што се случува на пазарт а тоа е да се воведат што повеќе капацитети на обновливи извори на енергија односно полека да се преориентира државата кон зелени извори на енергија, изјави Наум Рибаревски претставник на Европска банка за обнова и развој. 
  • Просечната вредност на кредитите да биде отприлика околу 11.600 долари, меѓутоа попрецизно ќе бидат објавени критериумите на програмата и ќе бидат објавени со сите детали во однос на тоа како може да се аплицира и кои се сите технички елементи.

Додека една од опциите на владата за почист воздух се поставување на клима уреди, надлежните апелираа дека граѓаните се поретко се одлучуваат на ова загревање со оглед на високата цена и  скапата поправка.

Во ек на грејната сезона за сега податоците на загадување на воздухот се под максимално дозволените бројки освен општина Велес која има зголемно ниво на пм10 честички.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе