Вести Македонија

Синдикатот на тетовската печатница Напредок се жали дека четири месеци вработените не земале плата, а од Управата велат плата се исплаќа

Синдикалната организација на вработени во тетовската печатница Напредок алармираат дека работниците четири месеци немаат земено плата.

  • Ние како членови на нашите синдикални организации сме овде дојдени да најдеме начин да се избориме за исплата на нашите минимални плати. Ни доцнат три, или четири плати. Не бараме ние одеднаш да ни ги исплатат тие плати. Меѓутоа постои можност за компромисно решение, вели  Живе Ќировски, претседател на синдикална организација при Напредок.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека веќе ги информирале сите надлежни институции, но тоа не вродило со плод. Претседателот на ССМ вели дека дава шанса до крајот на наредната недела вработените да разговараат со раководството и да најдат некое заедничко решение. Доколку проблемот не се реши за брзо тој смета дека единствено решение за работниците е тие да одат под стечај.

  • Работодавачот на крајот од денот ќе плати, меѓутоа тој веќе нема да биде газда, а работниците нема да бидат работници  во неговата компанија туку  во некоја друга. Подготвени сме и на последниот механизам да отвориме стечајна постапка за овие две компаниии и на тој начин работниците да ги згрижиме преку Агенцијата за вработување да добијат некој паричен надоместок, вели  Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Телма стапи во контакт со надлежните во печатницата кои велат дека не е точно дека четири месеци нема исплата на плата. Велат дека плати се исплаќаат, но со доцнење во месеците на исплата. Најавија дека следната исплата на една од трите задоцнети плати ќе биде утре.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Пет лица загинаа во поплави во Романија, невремето се проширува кон средна Eвропа

Дејан Дејан

Дипломатски реакции: Македонската претседателка беше омаловажена во Бугарија

Дејан Дејан

Војната во Украина удри и врз македонската индустрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе