Вести Економија Најважни

По шест месеци од договорот „Бехтел и Енка“ почнуваат со градежни активности на коридорот 8

Со церемонија и обраќање на првиот вицепремиер Артан Груби и минирање денеска во близина на селото Горна Бањица на потегот меѓу Гостивар и Кичево ќе биде означен стартот на теренските работи од изградбата на коридорот 8 кој ќе го гради американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ врз основа на договор кој македонската влада го попиша пред шест месеци и со кој се предвидува изградба на автопатска делница на потегот Гостивар – Букојчани но ќе се работи и на делниците Требеништа – Ќафасан и Тетово – Гостивар.

Неофицијално како фирми подизведувачи се јавуваат компаниите „АК инвест“, „Еуровиа“ и „Стентон градба“ како дел од најавените домашни компании на кои „Бехтел и Енка“ како изведувач им го има доверено извршувањето на дел од работите. Тетовската компанија „Ак инвест“ има најсериозно и најпрофесионално портфолио со голем број проекти и соработки со светски познати компании. „Еуровиа“ е фирмата која го доби тендерот за пренамена на спортскиот центар Борис Трајковски за конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ, а во моментов документите за тендерот се на разгледување во ДКСК и во ОЈО. Третата фирма пак, битолската „Стентон градба“ е една од најзвучните во Битола, а во последните 12 месеци има добиено 21 тендер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мемов: Критиките во ревизорскиот извештај за ПИОМ се за претходното раководство, а зголемените обврски кон пензиските друштва и ФЗО се поради покачените пензии

Дејан Дејан

Финансова со кривични пријави за измама тешка над 50 милиони денари со ИПАРД средства

Дејан Дејан

Уапсен е потпалувачот на пожарот во Горно Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе