Вести Економија Македонија

Како молња „го удри“ врвот на МЕПСО- биографијата на новиот директор Енуз-Кока без енергетска референца

МЕПСО ја објави биографијата на Зухди Енуз (познат и како Кока), новиот директор на оваа државна енергетска компанија, на која се гледа дека Енуз нема никакво искуство во енергетскиот сектор.

40-годишниот Енуз, според биографијата, завршил на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, а иако нема енергетско искуство, вршел директорска функција од рана возраст. Сепак директор бил во семејните фирми до пред две години кога се префрла во државниот скетор исто така како директор.

Зухди Енуз на 20 години станал директор односно генерален менаџер на Де Кока Груп, во делот за производство и трговија со мебел. Фирмата Де Кока всушност е семејна компанија на семејството Енуз, поради што најголем дел од членовите на семејството се познати и по прекарот Кока.

Во 2014-тата година, на 31-годишна возраст Енуз, го променил работното место, но останал на иста директорска позиција во рамки на семејната бизнис империја. Тогаш е назначен за генерален менаџер на Де Кока хотелот, кој се наоѓа во поранешната стоковна куќа на влезот во старата скопска Чаршија, односно спроти споменикот на Скендер бег.

Бидејќи политички е активен и е дел од скопскиот огранок на Алијансата на Албанците, по локалните избори во Скопје и победата на Данела Арсовска, Зухди Енуз уште еднаш станува директор, и од 2022-ра е директор на ЈП Комунална хигиена, во главниот град.

Сменет е од таа позиција (според тогашните изјави на градоначалничката Арсовска) пролетта 2022-ра по инцидентот кога неговиот брат извади пиштол и се закануваше на демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог. Но, во официјалната биографија стои дека до назначувањето во МЕПСО, Енуз бил директор во Комунална хигиена.

Оваа година, владата односно внатрешните органи на МЕПСО го бираат за нов директор на оваа енергетска компанија. Така молневито напредува и по 4-ти пат станува директор во својата кариера во која има исто толку односно само 4 вработувања.

МЕПСО во биографијата наведува и дека Енуз како нов директор, покрај мајчиниот албански,  одлично се служи со македонскиот, англискиот и турскиот јазик. Од компјутерски вештини наведено е дека е Интернет user (корисник), а ги знае и програмите од Микрософт пакетот како Ворд и Ексел, а знае да користи и Corel draw.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе