Вести Македонија Најважни

„Не“ за идејата на Макрон и „да“ за проширување на ЕУ најдоцна до 2030 година – заедничка декларација од Процес „Брдо-Бриони“

Со заедничка декларација во која 2030 е зацртана како годината, од која не покасно би се случило следното проширување на Унијата, денеска заврши десеттиот самит на претседатели од регинот, како дел од Процесот Брдо – Бриони. Претседателите на Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина по пауза од два самита денеска успеја да ја усогласат заедничката декларација за забрзување на зачленувањето на регионот во ЕУ. Но иако зад овој датум застанаа сите на состанокот, прв кој изрази скпетицизам во неговото исполнување и тоа веднаш по излегувањето од салата беше српскиот претседател, Александар Вучиќ.

„По мое мислење, тоа се убави желби, но кој сум јас да го уривам оптимизмот кај некои други и да им ја смалувам амбицијата“, изјави Вучиќ.

Претседателите на земјите основачи на Процесот Брдо – Бриони, хрватскиот, Зоран Милановиќ и на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на прес-коференцијата по состанокот со порака дека двете земји можат да го помогнат интегрирањето на регионот да не се пролонгира уште повеќе. Тие упатија порака за билатерните спорови ви-за-ви исполнувањето на критериумите за членство.

„Тоа се процеси кои се одвиваат паралено и истовремено. И ќе повторам уште еднаш, сметам дека овој вид на дијалог е вреден и најлошо е кога ќе стивнат телефонските линии. Тоа е смрт“, рече претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

 

„Не сум поборник заради билатералните проблеми да се завлекува пристапувањето во ЕУ. Ако погледнеме и во рамките на ЕУ, не се согласувам и со ставот на некои држави,  прво да склучи догово, па потоа да се продолжи со преговорите“, рече словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

Македонскиот претседател, кој беше домаќин на овогодишниот самит, со јасен став дека регионалната клаузула секогаш била обврзителна при пристапувањето, но оти во случајот на Македонија постои дебаланс меѓу критериумите за членство и билатералните односи.

„Во последниве три години особено, ние имаме сериозен дебаланс во таа смисла. Зотоа што билатералниот дебаланс со Бугарија практично ја покрива,  за жал, севкупната, традиционална европска агенда за пристапување. Ние се надеваме дека час поскоро тоа ќе се промени“, е ставот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Од Процесот Брдо – Бриони беше испратено и едно „не“ за идејата на францускиот претседател, Емануел Макрон, за Европа со повеќе брзини, во контекст на нејзиното проширување.

„Неспроведливо е политички, доколку тоа воопшто е предлог на Макрон. Не сум свесен дека постои таков. Но дури и да постои такот предлог, без оглед чиј е, тоа така не може да функционира“, рече Милановиќ.

„Не сум приврзаник на Европа со повеќе брзини. Секоја членкае еднаква со еднакви права и обврски“, пак е ставот на Пирц Мусар.

Пендаровски пак со став дека е тоа стар предлог на Макрон, кој се уште не е официјално ставен на маса во ЕУ.

„Кога би бил формален предлог досатавен до бриуслексите институции, од она што го знам, што го имама како информација, не би бил со сигурност прифатен. Значи немаме причина за згриженост“, рече Пенадаровски.

Годинешниот Процес Брдо – Бриони на маса ги отвори и прашања за климатските промени и енергетската ефикасност на регионот, заштитата на животната средина, но и запирањето на иселувањето на младите, како клучни прашања за неговата иднина.

Процесот освен политичката декларација донесе и две конкретни иницијативи, а тоа е вклучување на роамингот за државите од регионот во роамингот на Унијата, како и вклучување на Западниот Балкан во механизмот на ЕУ за реакција од природни катастрофи.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски со честитки до победниците: Мојот концепт не доби мнозинство, некои партии ефективно спречија гласање на претседателски избори

Дејан Дејан

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни, го избраа својот нов претседател

Дејан Дејан

Гордана Силјановска Давкова 61,98%, Стево Пендаровски 30,48% – ДИК со првични резултати за претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе