Вести Култура

Од сценографиите на Џиби зрачеше микроурбанизмот – комеморација за Крсте Џидров

Крсте Џидров зад себе остави над 100 сценографии, работени во сите театри во Македонија, но и во регионот и пошироко. Петнаесет од нив се наградени, а 12 се работени за претставите на МНТ од 1984 година до лани, кажаа од овој театар на комеморацијата по повод заминувањето на Џиби од сцената наречена живот.

„Тоа се сценографии во кои просторот претставува животен простор на актерот. Каде илузијата е вистинска , а визуелноста е резултат на атмосферата на времето и настаните“, рече Драгана Костадиновска, актерка во МНТ.

Од бројните режисери со кои работел, Џиби има најмногу соработки со Владимир Милчин. Соработувале кај „Голтарите“, во Театарската работилница на Филозофскиот факултет, а потоа направиле многу претстави во институционалната и на независната сцена. Џиби секогаш бил оптимист и кога тоа било несоодветно, кажа Милчин.

„Тој прави сѐ загриженоста да не се прошири како некаква епидемија во ансамблот. Тој беше мотор кој знаеше да направи атмосфера  и тогаш кога  изгледаше дека работата потонала“, истакна режисерот Владимир Милчин.

По професија архитект, Џидров реализирал повеќе проекти во земјава и регионот. За тоа зборуваше деканот на ФДУ, со кој заедно работеа во Детскиот театар Центар. Од тој период, Бесфорт Идризи издвои анегдота кога на Џиби му позајмил васер вага за да намести право кујнска вага, дома.

Идризи: Заврши работа?

Џидров: Завршив.

Идризи: Право?

Џидров: Право.

Идризи: Со васер вагата?

Џидров: Не!

Идризи: Како бе, не?

Џидров: Така бе.

Идризи: Што правеше со васер вагата?

Џидров: Ја оставив тука, колку да гледаат дома дека има васер вага.

Иако замина физички, останува жив споменот за Џиби, добриот човек на македонскиот театар.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Спасени две лица кои со „четвороцикл“ излетале во провалија на Шара

Дејан Дејан

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе