Вести Македонија

(Видео) Околината на Меѓународната автобуска станица во Скопје претрупана со отпад

Купови несобран и расфрлан смет во пластични вреќи со денови стои на влезот во скопскиот Транспортен центар. Сликата со мини дива депонија и смрдеа ги пречекува странските туриати кои за првпат ќе стигнат на Меѓународната автобуска станица Скопје и ќе излезат кон населба Аеродром. Недостојната слика за главниот град ја добиваат и сите патници кои со автобус или со воз пристигнуваат и заминуваат од Скопје.

Градските комунални служби не го собираат насобраниот смет, но не ни расчистуваат остатоци од ѓубре, пластика, хартија и прав кој е насобран на и околу двата паркинзи кај автобуската станица. Со валканите и неисчистени паркинзи стопанисува уште едно скопско јавно претпријатие-Градскиот паркинг за што наплатува и по час паркирање.

Оваа влезна слика за туристите и патниците кои пристигнуваат во главниот град се шири и низ цело Скопје кое постојано станува се повалкано и понечисто. Градоначалничката Данела Арсовска и Комунална хигиена се одговорни за чистењето и хигиената во главниот град.

Еве што забележа камерата на Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе