Култура

Димитар Башевски за збирката песни „ Дни, години“ добитник на наградата „ Браќа Миладиновци“ на СВП

Истакнатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од Струшките вечери на поезијата  за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за поетската збирка „Дни, години“ во издание на „Слово“, велат во соопштение до јавноста од СВП.

Добитникот на наградата беше соопштен  денеска, а жири- комисијата  што ја донесе одлуката Башевски да биде лауреат на „ Браќа Миладиновци“, е во состав: Веле Смилевски (претседател), Милован Стефановски, Славица Гаџова Свидерска, Трајче Стамески и Марина Мијаковска (секретар). Тие  после прочитот на сите 35 пристигнати книги направија селекција и во потесниот круг од пет книги покрај „ Дни, години“ на Башевски влегоа и збирките: “ Две мориња“ на Јосип Коцев,  „ Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска, „ Филмски песни“ на Дејан Трајкоски и „ На врв на јазикот“ од Катица Ќулафкова.

Во образложението за одлуката се вели дека жири -комисијатата оценила дека наградената стихозбирка „Дни, години“ од Димитар Башевски, претставува значаен прилог во новите текови на современата македонска поезија. Станува збор за книга со  длабоки животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик. Димитар Башевски сведочи дека неговите поетски вертикали, чии корени се во минатиот век, и натаму се одликуваат со творечка виталност, со жив и сочен поетски говор и со сугестивен и актуелен тематско поетски простор. Притоа тој мајсторски се потпира на досега стекнатото творечко искуство, велат од СВП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе