Вести Култура Топ вести

„Леб и сол“ се несоборлив доказ за нашиот идентитет – ордени за заслуги за Македонија од Пендаровски за членовите на култниот бенд

„Леб и сол“ се несоборлив доказ за македонскиот идентитет, изјави претседателот Стево Пендаровски на свечената церемонија на одликување со ордени за заслуги на членовите на култниот македонски бенд.

Ордените, кои ги добија членовите на оригиналниот состав на „Леб и сол“, се дадени за оставени трајни вредности во македонската култура и нејзината афирмација во странство.

„Леб и сол“ изведуваат музика која е спој на рок, џез фузија и етно. Бендот е формиран во 1976 година, а постоеше до 1995 година, во состав Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Гарабет Тавитјан и Никола – Кокан Димушевски. Бендот повторно се собра во 2006 година и одржа турнеја во Македонија и низ регионот.

„Леб и сол“ објавија 11 студиски, како и албуми од настапи во живо и компилации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк

Kristina Kuzmanovski

Висок ризик со играчки и електроника -ЕУ го казни „Тему“ 200 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе