Вести Македонија

Концесиите да се укинат, бараат струмичките активисти, Еуромакс ќе размисли за идните чекори

Активистите го поздравуваат повлекувањето на на владината одлука за спојување на концесиите, но, сега очекуваат концесиите и да се укинат бидејќи се одамна истечени. Велат дека за нив е горчлив момент инсистирањето на министерот Бектеши за нов рок од 4 години за комплетирање на документацијата, бидејќи според нив нема правна основа за ова барање.

Судската постапка се однесуваше единствено на првата концесија , бидејќи таа концесија требаше да добије дозвола, а не беа исполнети условите за дозвола. Втората концесија е посебна правна приказна. Четирите години што ги заговара Бектеши можеби и би имале смисла доколку Еуромакс се бунел за некакви пречки во 2016, а не во 2019, бидејќи штоперицата што ја спомна почна да тече од 2016-та, а не од 2019-та, вели Ѓорги Танушев од  Здрава котлина.

За Здрава котлина  двете концесии се мртви, а коментарите на концесионерот дека имал пречки за исполнување на условите се неодржливи бидејќи тој не се жалел на пречки во предвидениот рок.

И двете концесии се истечени и нема никаква логика да се даваат нови рокови. Ако така правиме, тогаш сите концесии ќе траат бесконечно, постојано ќе се продолжуваат роковите, Ѓорги Танушев-  Здрава котлина.

Концесионерот „Еуромакс“ вели дека ќе почекаат сите одлуки кои што се однесуваат на спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар и злато „Иловица – Штука да бидат јавно објавени. Потоа со правниот тим ќе правеле увид во аргументацијата врз основа на која се донесени.  Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземе за да ги заштити своите права како инвеститор, велат во официјалното соопштение.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе