Спорт Фудбал

Тен Хаг сака да го задржи Мегваер

Сагата околу судбината на Хари Мегваер може да добие сосема неочекуван епилог. Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг на дефанзивецот му соопштил дека сака да го задржи во тимот и во следната сезона.

Триесет годишниот репрезентативец на Англија до вчера беше на излезна врата од Олд Трафорд и се наоѓаше на листата на прекубројни, а патем остана и без капитенската лента.

Потегот на Тен Хаг очигледно е последица на фактот дека клубот и покрај интересот на неколку клуба не може да ја постигне бараната сума за обештетување и на крајот е донесена одлука тој сепак да остане дел од екипата.

Менаџерот на Црвените ѓаволи на Мегваер му соопштил дека во моментов предност имаат Лисандро Мартинез, Рафаел Варан и Виктор Линделоф, но дека тој ќе добие шанса да се наметне за место во стартната постава.

Мегваер замина со клубот на турнејата по САД, а на првите два контролни натпревари против Лидс и Лион, но како што веќе му беше соопштено предност имаа Мартинез и Варан, а најверојатно така ќе биде и на претстојниот дуел со Арсенал што ќе се одигра утре.

Интересен е фактот дека Мегваер и покрај проблемите во клубот има статус на стартер во репрезентацијата на Англија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе