Одбојка Спорт

ЦЕВ го спаси Европското првенство, помош за Израел од 1,5 милиони евра

Израелската одбојкарска федерација потврди дека по состанокот на претставници на владата и дел од раководството на Европската одбојкарска асоцијација била договорена сума од 1,5 милиони евра со кои ќе се помогне земјата сепак да биде домаќин на една од групите на континенталното првенство што ќе се одржи кон крајот следниот месец и почетокот на септември.

Националната одбојкарска федерација на Израел поради финансиски проблеми беше на чекор до повлекување од организацијата на првенството, но ЦЕВ сепак успеа да го спаси шампионатот одобрувајќи помош со која треба да се покријат сите трошоци.

На состанокот присуствувале Министерот за култура и спорт на Израел, Мики Зохар и претседателката на федерацијата Рина Дор и уште неколку високи функционери од Владата, а ЦЕВ го претставувале потпретседателот Ренато Арена и извршниот директор Торстен Андерс.

Одлуката на ЦЕВ според некои медиуми во Бугарија, која е еден од кодомаќините на првенството заедно со Италија и Македонија предизвикала бурна реакција во останатите земји кои се дел од организацијата бидејќи тие морале да платат котизација од 600.000 до 1,2 милиони евра додека четвриот домаќин ќе добие помош во висина од 1,5 милиони. Инаку веста за договорот со ЦЕВ е потврдена на веб страницата на Израелската асоцијација

Израел ќе биде домаќин на мечевите од Д групата и покрај организаторот во конкуренција се уште селекциите на Франција, Грција, Португалија, Романија и Турција, а натпреварите ќе се играат во Шломо арената во Тел Авив и тоа во периодот од 28 август до петти септември.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе